Земјоделска дејност може да врши физичко лице чие работење не ја надминува земјоделската дејност од помал обем и е запишано во регистарот на индивидуални земјоделци. Земјоделска дејност која според посебен закон добива и карактер на трговска и друга дејност не го губи својот основен карактер како земјоделска дејност.
Под земјоделска дејност, во смисла на овој закон, се подразбира производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи.
Под земјоделска дејност се подразбира и одгледување на добиток и другистопанско-корисни животни, како и пласман на нивните производи.
Како земјоделска дејност од помал обем според Законот за вршење на земјоделска дејност се смета вршење на земјоделска дејност лично од страна на земјоделецот и најмногу десет вработени вклучувајќи ги и членовите на семејството како и најмногу пет сезонски работници.
Индивидуалниот земјоделец може да врши земјоделска дејност ако ги исполнува следниве услови:
- Дејноста да ја врши на земјоделско земјиште на кое има право на сопственост или го има добиено врз правна основа од сопственикот,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност,
- Да не е во работен однос или пензионер
- Со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење дејност,
- Да ги има намирено пристигнатите даночни обврски и други јавни давачки и,
- Да не е запишан во трговскиот регистар.
За вршење на земјоделска дејност како индивидуален земјоделец истиот поднесува барање до подрачната единица на МЗШВ за упис во регистарот во местото каде се наоѓа земјоделското земјиште на кое се врши дејноста.
Потребни документи за регистрација:
- Барање за упис во регистарот на индивидуални земјоделци
- Доказ за државјанство
- Доказ за правниот основ за користење на капацитетите
– нотарски заверен документ за користење земјиште под наем или
– имотен лист за сопственост
- Доказ дека не е изречена мерка безбедност забрана за вршење дејност со правосилна пресуда
- Доказ дека нема неподмирено даночни обврски од Управа за јавни приходи
- Доказ дека не е запишан во трговски регистар
Постапката за упис во Централен регистар на РМ се одвива преку едношалтерски систем. Лицата треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство каде ќе го поднесат барањето за упис во регистарот на индивидуални зејмоделци заедно со сите потребни документи. Подрачната единица по службена должност ја поднесува севкупната документација до Централен регистар на РМ. По завршување на постапката за регистрација, документите треба да се заверат кај нотар.
Законски основ: Согласно член 20 и член 21 од Законот за вршење на земјоделска дејност(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2002,89/2008,116/2010,53/11,39/16)
Докази кои се потребни за да се регистрирате како Индивидуален земјоделец:
1. Барање – https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/uslugi-mzsv-file-18OF.pdf
Тип на доказ: документ кој произлегува од институција
За кого е наменет доказот: правно лице и физичко лице
2. Уплатена административна такса од 250,00 денари
Тип на доказ: Образец уплатница ПП50
За кого е наменет доказот: правно и физичко лице
3. Уплатена административна такса од 50,00 денари
Тип на доказ: Образец уплатница ПП50
За кого е наменет доказот: правно и физичко лице
4. Уплатена такса од 1357,00 денари на сметка на ЦРРСМ
Тип на доказ: Образец уплатница ПП50
За кого е наменет доказот: правно и физичко лице
Рок за издавање на решение за упис во регистарот на Индивидуални земјоделци по Законот за вршење на земјоделска дејност е 15 дена.
Повеќе иформации од областа на земјоделството на АГРОТИМ


