Потонат во жив песок

Прв момент: Ниту Зоран Заев, а ниту еден член на СДСМ од прв до последен не работат и не се против Македонија туку се против ВМРО-ДПМНЕ и криминалите кои ги направиле на оваа Македонија!

Втор момент: Од кога тврдењето дека имаш докази за луѓето што се на власт кои прават криминал, го пљачкаат сопствениот народ и велиш дека ќе ги објавиш јавно, е удар врз уставниот поредок, од кога тоа е ПУЧ?

Трет момент: MТВ не го пренесуваше обраќањето на Заев бидејќи репортажното возило им било ангажирано за кошаркарски пренос. Хмм, па луѓето немаат земено плата од декември, можеби се обложувале па битен им бил резултатот како ќе заврши утакмицата се обложувале дечките. А нели помислија дека резултатот од преносот на обраќањето на Заев ќе беше многу поважен за нив, за нас, за цела Македонија.

Но да се навратам на она што за ВМРО-ДПМНЕ е секогаш најважно, да соопштат по што се сме први. Чекам некој од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на вонредно обраќање до нацијата и каже дека сме први во тоа дека ги извадија своите послушници да протестираат против објавување на доказите за криминалите кои тие ги прават овие 9 години. А слободно нека се пофалат дека незнаат ни кој ги снима во нивните кабинети па случајно излегуваа на YouTube, а случајно и го пуштија Јован Вранишковски баш тогаш на слобода па и за тоа да не баарат надлежните институции да испитаат што како каде се случило тоа?!?

Еј во 21век каде се протестира против опозицијата која сака да покаже докази дека народот е пљачкан од власта, нешто што го нема ниту во Сомалија. Да во таа Сомалија со која го делиме првото место за неспроведен попис повеќе од 10 години.

Граѓани на Македонија да не дозволиме Македонија да остане црна дамка на едноумието, стравот и тоталитарното владеење, и затоа ако сте понижени, уплашени, уценувани, присилувани, ајде дигнете се, окуражете се, ослободете се и ако сте замолчени прозборете за нашата иднина. За нашата Македонија се работи!

Абе ‪#‎Ж‬ свати и помирисе с’с тој дека ‪#‎Заев‬ те тури у жив песак с’с свак твој потег како мрднеш само идеш надоле у њега!

Пишува:Митко Бојмацалиев

Извор: Плоштад

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести