Без двете нозе остана педесет и четири годишниот работник кој вчера беше тешко повреден при експлозина на боца за противпожарни апарати во сервис за полнење апарати во Кавадарци. Според началникот на хируршкото одделение на кавадаречката болница Дано Кулев станува збор за тешки повреди со големи отворени рани. Неопходно било да се ампутираат двете нозе кај натколениците, јавува Дума
Во болницата повредениот бил донесен во шокирана состојба, бил веданш реанимиран и за кратко стабилизиран. Но поради сериозноста на повредите веднаш бил препратен во скопскиот клинички центар, каде му биле ампутирани двете нозе.
Несреќата се случила вчераутро околу 10 часот во сервисот што се наоѓа на улицата Ѓоре Брушански во Кавадарци. Веднаш била пријавена во полиција а екипа изврши увид на местото за да ги утврди причините за несреќата.
Извор: Дума


