Повредено момче на патот Попова Шапка-Тетово

Десетгодишно дете од Скопје се здобило со скршеница на левата потколеница, а уште четири лица се полесно повредени откако вчера околу 15 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка врз нив налетало и ги удрило патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици што го управувал Г.С. (26) од Скопје, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

„Мерцедесот“, како што појасни Јосифовски, се движел од Попова Шапка кон Тетово при што најпрвин удрил во петмината пешаци Б.Б(10), А.В(20), А.В(36), И.В(38) и Х.В(15), сите од Скопје, а потоа и во паркиран „Цитроен“  кој се придвижил и потоа удрил во исто така паркиран „Опел вектра“. И двете паркирани возила биле со скопски регистерски таблички. – Во несреќата, 10-годишниот пешак се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева подколеница) и по укажана помош во тетовската клиничка болница пренесен е на скопските клиники, додека другите четворица пешаци со телесни повреди пуштени се на домашно лекување. Вкупната материјална штета се проценува на околу 40 илјади денари. По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид и се преземаат активности за целосно расветлување на сите поединости во врска со причините и се друго околу сообраќајката, изјави Јосифовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести