Силен пожар денеска околу три часот, ја зафати куќата на Мегди Асановски во село Козјак. Противпожарната единица од Ресен интервенираше со четири возила и девет пожарникари. Поради лошите временски услови 11 степени под нулата, на помош беше повикано против пожарно возило од Битола. Во пожарот целосно изгоре горниот кат и покуќнината.
Материјалната штета засега е проценета на околу 50.000 евра. Градоначалникот Ѓоко Стрезовски ги посети оштетените и во рамки на можностите вети помош.Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
]]>


