Во пожар во станбена зграда на улица „Ванчо Китанов“ повредени се осум станари од кои еден е со изгореници, а останатите се загушени односно вдишиле поголемо количество јаглерод моноксид. Лекарите од Итната медицинска помош во Штип велат дека брзо интервенирале, повредените се хоспитализриани и се во добра здравствена состојба.
Командирот на ТППЕ Кирчо Патраклиев вели дека пожарот се случил околу 16 часот и 20 минути во подрумските простории на станбената зграда. Поради тоа што се појавил дим станарите ги фатило паника и почнале сите да излегуваат на терасите, а дел ги отворале и влезните врати со што го вдишувале јаглерод моноксидот.
– Се оргнизиравме веднаш и се поделвиме на две групи. Едната го гаснеше пожарот во подрумските простории, а другата екипа ги евакуираше станарите, вели Патраклиев.
Тој додава дека ова не е првпат да избувне пожар во оваа станбена зграда.


