Двајца браќа со презиме Бегај, го изгубиле животот во авионската несреќа која се случила во Скопје, објави Алсат.
Според неофицијални информации еден од двајцата браќа се вика Висар Бегај и двајцата биле инвеститори.
Покрај нив, во несреќата загинати се уште четворица, неофицијално италијански државјани, но нема информација за нивниот идентитет.
Италијанските медиуми известуваат дека авионот требало да слета во Скопје за да направи техничка проверка.


