Познати двојките и термините за квалификациските натпревари од Купот на Македонија 2014

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, заедно со трите најдобропласирани екипи по првиот дел од сезоната во Првата лига, а тоа се екипите на Кожув, Работнички и Лирија, директно се пласираат на „Фајнл Ејт“ турнирот за куп-натпреварувањето сезона 2013/14. Останатите шест екипи од Првата лига, заедно со КСК Куманово 2013 и Т-Баскет кои се пријавија од Втората лига, ќе играат квалификациски натпревари.

Четирите квалификациски натпревари за „Фајнл Ејт“ турнирот во машкиот куп ќе се играат од 11 јануари до 25 јануари 2014 година, а двомечите ќе ги дадат останатите четири патници на Завршниот турнир.

Во овогодинешното издание на Купот, покрај прволигашите кои задолжително учествуваат, се пријавија и две второлигашки екипи кои во квалификациите ќе се сретнат со четвртопласираната и петтопласираната екипа по првиот дел од сезоната во Првата лига. Во двомеч дуелите, на првите натпревари домаќини се послабопласираните екипи, а се играат два натпревари по кои во предвид ќе се зема вкупната кош разлика. Во случај првиот натпревар од двата да заврши нерешено, не се играат продолженија.

Двојки за осминафиналната фаза: Т-Баскет – Куманово , КСК 2013 – Струмица, Пелистер Спорт – Фени Индустри, Вардар Апаве – Карпош Соколи.

„Фајнл Ејт“ турнирот во Купот на Македонија 2014 година ќе се одржи од 5 до 8 февруари, а организаторот ќе биде познат по денешната лицитација закажана за 16 часот во просториите на Македонската кошаркарска федерација. 

Најчитани вести