(ВИДЕО)Познати личности го поддржаа маршот на Средношколскиот пленум

Режисерот Александар Поповски, музичарите Мирко Попов и Бени Шаќири, новинарот Огнен Јанески, активистите Ана Битољану, Јасмина Голубовска, Албулена Карага, актерката Несрин Таир, Филип Стојановски, со видео порака го поддржаа утрешниот марш на Средношколскиот пленум, чии членови денеска се соочија со силни притисоци од страна на нивните професори.

Познатите личности ги поддржаа барањата на средношколците да се укинат лошите реформи во образованието и да се укине екстерното тестирање во основното и во средното образование.

 

Најчитани вести