По одигрувањето на осум натпревари од последното 10.коло во кошаркарската Евролига познати се сите учесници кои изборија пласман во ТОП 16 фазата. Тоа се четирите првопласирани екипи во сите групи. Денешните четири натпревари не може да донесат промена на редоследот на табелите.
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб одигра 19 минути во победата на неговиот Фенербахче на гостувањето кај Нантер. Бо реализираше 14 поени без промашување.
Оваа победа на турскиот тим, односно поразот на Нантер му овозможи на Партизан да го освои 4.место во А групата, иако синоќа загуби од ЦСКА Москва.
Резултати, двојки во 10.коло и табели:
А група: Партизан – ЦСКА Москва 62:73, Барселона – Будивелник 96:77, Нантер – Фенребахче 76:95.
Табела: Фенербахче 8-2 (победи-порази), ЦСКА Москва 7-3, Барселона 7-3, Партизан 3-7, Нантер 3-7, Будивелник 2-8.
Б група: Анадолу Ефес – Реал Мадрид 61:86, Бамберг – Жалгирис 80:84, Стразбур – Армани Милано (денес).
Табела: Реал Мадрид 10-0, Армани Милано 5-4, Жалгирис Каунас 5-5, Анадолу Ефес 4-6, Бамберг 3-7, Стразбур 2-7.
Ц група: Зиелона Гора – Олимпијакос 80:91, Монтепаски – Уникаха 62:64, Баерн – Галатасарај (денес).
Табела: Олимпијакос 10-0, Галатасарај 6-3, Уникаха 5-5, Баерн Минхен 3-6, Монтепаски 3-7, Зиелона Гора 2-8.
Д група: Панатинаикос – Макаби 55:68, Литвос Ритас – Црвена Звезда и Лаборал – Локомотив Кубан (денес).
Табела: Макаби 8-2, Локомотив Кубан 6-3, Лаборал 5-4, Панатинаикос 5-5, Црвена Звезда 3-6, Литвос Ритас 1-8.


