Познати термините и локациите за Првото државно првенство во баскет 3х3

Во четирите викенди следниот месец ќе се одиграат трите квалификациски турнири и Супер финалето кое што ќе го одреди првиот шампион на Македонија во баскет 3х3.

Квалификациските турнири ќе се играат во Битола, Штип и Скопје, а Супер финалето, предвидено за 26 април, ќе се одигра во Скопје.

Пријавувањето за Првото државно првенство во 3х3 почнува од денеска за сите три квалификациски турнири (Битола, Штип и Скопје). Бројот на пријавени екипи е неограничен.

Секоја пријавена екипа мора да биде составена од 4 кошаркари (3 на терен и 1 резерва), а можат да се пријават сите полнолетни лица, со полни 18 години на датумот на одигрувањето на турнирите. Еден играч може да настапува само за една екипа.

Системот за натпреварување ќе биде прецизно одреден по крајот на рокот за пријавување, по што ќе биде објавен точниот распоред со саатници на сите натпревари.

Натпреварите ќе се играат во елиминациска фаза и во фаза по групи.

За Супер финалето нема регистрација на тимови, односно пласман обезбедуваат најдобрите осум екипи од квалификациските турнири.

Победникот на Супер Финалето кое ќе се игра во Скопје на 26 април, ќе добие можност да настапува во Лигата на шампиони на ФИБА – „World Tour Challenger“.

За најдобрите играчи се предвидени вредни награди.

]]>

Најчитани вести