Правилата и условите за влез во Грција продолжени до 31 мај

Правилата за влез во Грција, воведени минатата седмица, се продолжени до 31 мај, годинава, согласно новата министерска одлука што од денеска стапи на сила.
Според новиот протокол за влез во Грција, нашите државјани треба да знаат дека им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Документите (било кој од сертификатите што се приложуваат) треба да бидат на некој од следниве јазици: англиски, француски, италијански, руски, германски или шпански јазик со име и презиме и податоци како што се заведени во пасошот.

Кон Северна Македонија отворен е само граниниот премин Богородица, (Евзони) со работно време од 7 до 23 часот по локално време, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

]]>

Најчитани вести