Пречек за Антиќ од Македонската заедница во Торонто

Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски синоќа организираше прием за првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата Перо Антиќ. Ѓурчевски му посака брзо заздравување и продолжување на одличната промоција на нашата држава што лично Антиќ ја прави во САД, Канада и остатокот на светот.

Antic Precek Toronto 1

Уште при пристигнувањето во Канада капитенот на македонската репрезентација беше пречекан од претставници на Македонската заедница кои му посакаа пријатен престој, информирајќи го дека на овој натпревар за прв пат ќе навиваат за тимот кој гостува во Торонто. И покрај тоа што Антиќ поради повреда не настапи на мечот, неговото присуство во „Ер Канада Центар“ беше доволна причина повеќе од 600 Македонци организирани од здружението Македонска нација, со национални обележја да присуствуваат на трибините и со гордост да навиваат за Перо Антиќ и Република Македонија.

]]>

Најчитани вести