Пред протестот на опозицијата започна исплатата на субвенциите за тутунот

Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта тутун. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, субвенции има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот.

За прилепските тутунари се обезбедени околу 13 милиони евра од вкупно 25-те милиони за исплата на субвенциите за целата реколта, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

За новата реколта тутун се подигнати 11.100 бели картони или околу 1.500 помалку од лани.

Најчитани вести