Бидејќи редовно пред избори Груевски најавува изградба на откупно-дистрибитивни центри, да видиме што се случи со оние што ги најави пред 5 години. Колку од неговите ветувања се реализирани:
Во 2011 година владата најави изградба на откупно дистрибутивни центри во неколку региони низ државата.
Првата инвестиција ја најавија во Кавадарци каде се планира изградба на откупно-дистрибутивен пункт кој ќе се простира на два хектари државно земјиште. Локацијата е веќе одредена, се работи за просторот кај Хотел Фени, за кој Општина Кавадарци подготвува измени во деталниот и генералниот урбанистички план се со цел да се создадат услови за потенцијалните инвеститори, рекоа тогаш од владата.
Две години подоцна, поточно на 23 октомври 2013 година во службен весник е објавено дека е извршена пренамена
3441. Одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на откупно дистрибутивен центар за земјодел- ски производи со пристапен пат КО Кавадарци 2 општина Кавадарци ……
Три години подоцна од пренамената на земјиштето, или пет години од најавата – ова е сликата од таму:


Освен во Кавадарци, иста ваква бомбастична најава за изградба на откупно-дистрибутивни центри најави уште на 8 нови локации и тоа во: Ресен, Кочани, Свети Николе, Валандово, Облешево, Врапчиште, Штип и во Демир Капија.
Од сите 8 инвестиции, единствено се изгради во Ресен, официјално Дубајска инвестиција, неофицијално бизнис на некој близок на власта. Лани почна да работи и само штета им направи на овоштарите со рушење на цената и сеуште не платени јаболка од лани.

Во 2011 година Министерството за земјоделство најави и изградба на шест откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук. Од нив три е предвидено да се изградат во Скопје, и по еден во Валандово, Радовиш и во Гевгелија.
Според моменталната ситуација на терен, нема ништо изградено во Валандово, Радовиш и Гевгелија. Вакви откупно – дистрибутивни центри и по 5 години од најавите на владата сеуште не се изградени.


