Прегазен пешак на „Партизанска“ кај Универзална сала

Вечерва во близина на Универзалната сала, односно булеварот „Партизански одреди“, се случила тешка сообраќајна несреќа, објави порталот naraport.mk.

Според информациите на порталот, лицето кое минувало на пешачки премин, било прегазено од автомобил од засега непозната марка.

-Расфрлани чевли, полиција и возило на Брза Помош, беше сликата која можеше да се забележи на овој булевар.  Дали лицето го преживеало ударот, засега, нема информации, објави порталот.

Сообраќајот на „Паризански одреди“ се одвива во две коловозни ленти. Повеќе информации за оваа несреќа во текот на утрешниот ден.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести