Тешка сообраќајна несреќа вечерва околу 22 часот се случи на булевар “Климент Охридски” во близина на Соборниот Храм.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило Голф со скопски регистарски ознаки и 22-годишна прилепчанка која поминувала на пешачкиот премин.

Според очевидците возачот возел со голема брзина, а поради влажниот коловоз не успеал да закочи пред пешачкиот и удрил во девојката.
Повредената девојка со тешки телесни повреди е пренесена на една од клиниките во Скопје.
Извор: centarnews.net


