Преку Ковакс, стигна првата пратка вакцини на „Астра Зенека“

Вакцините стигнаа со комерцијален лет на Скопскиот аеродром

Првата пратка вакцини „АстраЗенека“ за Северна Македонија, преку преку – Ковакс механизмот, пристигна рано утрово на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Со 24.000 вакцини „Астра зенека“ се очекува в среда да почне масовната имунизација против ковид-19 на населението во државава. Со нив ќе биде опфатена популацијата над 75 години, согласно со Националниот план за вакцинација.

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјавата на аеродромот, рече дека местото за масовна имунизација во Скопје ќе биде салата „Борис Трајковски“, додека за помалите градови посочи дека пункт за вакцинација ќе бидат здравствените домови.

„Вчера имавме добри вести од ЕУ. Во април треба да пристигнат и други вакцини од Кина, што значи дека сите пријавени за вакцинација ќе бидат повикувани во согласност со приоритетите“,рече Филипче.

Извор – 360 степени

]]>

Најчитани вести