Татко и син повредени во вооружен грабеж во Скопје

Татко и син, се повредени во вооружен напад, кој вечерва во 18:45 часот, се случил на ул. „Тодор Циповски Мерџан“ во скопската населба Хром.

Како што пренесе МИА,  двете лица кои поседувале менувачница, биле нападнати од засега непознати лица, при што им одзеле торба со пари, во која според пријавата имало околу 40.000 евра.

Повредените се пренесени во Ургентиот центар каде им е укажана лекарска помош. Според првичните информации, едното лице е повредено со удар од пиштол во глава, а другото лице е со гребатинка на главата. Двете лица се вон животна опасност.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести