Екипата на Малага славеше против Бетис во Севиља со 2:1, иако домаќинот водеше со 1:0. Малага двата гола ги постигна во последните десет минути.
Со овој пораз Бетис ги намали шансите за опстанок во лигата. „Зелените“ се наоѓа на последното место со 22 бода, додека Малага има 35 бодови и е на 12.место.
И на другиот синоќешен дуел од 31.коло на Примера победија гостите. Леванте со 2:0 беше поуспешен од Гранада. Леванте има 40 бодови и е на 9.место, додека Гранада е на 13.место.
На врвот и натаму е „тројката“ Атлетико Мадрид 76 бодови, Барселона 75, Реал Мадрид 73.
]]>


