Пресврт победа за Олимпик Лион

Екипата на Олимпик Лион со двата гола во судиското продолжение на вториот дел успеа да дојде до победата на дуелот со Бордо на гостински терен одигран синоќа во рамките на 28.коло од француската Лига 1.

Пресвртот го најави Анри Бдимо во 90+1 минута, а триумфот го донесе Корентин Толисо во 90+4 минута. Голот за домаќинот Бордо го постигна Анри Севе во 7.минута.

Постигнати резултати во 28.коло од Француското фудбалско првенство: Бордо – Олимпик Лион 1:2, Лориен – Сент Етиен 1:0, Лил – Монпеље 2:0, Генгамп – Евиан 0:1, Монако – Сошо 2:1, Нант – Ајачио 2:2, Тулуз – Ремс 3:2, Валенсиен – Рен 2:1, Бастија – ПСЖ 0:3 и Олимпик Марсеј – Ница 0:1.

Табела: ПСЖ 67 бодови, Монако 59, Лил 52, Сент Етиен 48, Олимпик Лион 45, Олимпик Марсеј 43, Ремс 42,.

]]>

Најчитани вести