Претрес во Велес, пронајдени 842 парчиња пиротехнички средства

Во Велес утрово во 09.00 часот во полициски службеници го лишиле од слобода З.Ц. (61) од Велес.

При преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Најчитани вести