Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес е осуден на три и пол години затвор заради затајување данок во износ од 3,5 милиони евра. Баварското јавно обвинителство поднесе тужба против Хенес во 2013 година откако тој им призна на даночните власти дека не пријавил сметка во швајцарска банка. Обвинителството подоцна дојде до податок дека вкупно затаил данок во износ од 28,4 милиони евра.
На Хенес му се закануваше казна од максимални 10 години затвор, а Обвинителството побара казната да изнесува 5,5 години за на крај Судот да пресуди затворска казна од 3,5 години.
Шеесет и двегодишната германска фудбалска легенда Ули Хенес се надеваше дека може да добие условна казна затвор зошто сам се пријави иако според претходните толкувања на германскиот Сојузен суд условната казна не доаѓаше предвид, бидејќи за сума од преку милион евра таа не би била задоволителна.
Претседателот на Баерн исто како и Обвинителствот имаат рок од седум дена за поднесување жалба на пресудата.
]]>


