Ковакс е глобална иницијатива за помош на сиромашните земји во снабдувањето со вакцината, заеднички покрената од Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот за вакцини (ГАВИ), со цел неразвиените земји и земјите во транзиција да можат да добијат вакцини, бидејќи тие немаат доволно можности да потпишат договори за набавка со производителите.
Акуфо-Адо, 76-годишен претседател на западноафриканската држава, во која минатата среда пристигна првото доставување вакцини од програмата Ковакс, ја прими првата доза на вакцината „АстраЗенека“.
– Многу е важно да дадам пример и да покажам дека оваа вакцина е безбедна, така што секој во Гана може да одлучи да се вакцинира без страв, рече шефот на државата.Ковакс склучи договори со производителите за две милијарди дози во 2021 година и можност за купување уште милијарда дози, а на располагање е финансиски механизам за помош од таа програма за 92 земји со ниски и средни приходи.
]]>


