Преведувачите и лекторите бараат одложување на законот за плаќање придонеси на хонорарите

Законите за плаќање социјални придонеси за хонорарите стапија на сила, но реакциите за нивно повлекување не стивнуваат. Последни во низата, со реакција се јавија трите национални здруженија на преведувачи, конференциски толкувачи и лектори.

Поднесоа писмо до Министерството за труд и социјална политика, во кое бараат одложување на примената на законските решенија и формирање на работни групи за подобрување на законите.

– Стравуваме дека при такви услови пред се се доведува во прашање нашата егзистенција, а нашиот интелектуален труд ќе биде девалвиран до нивото на економска исплатливост, стои во писмото од Национални здруженија на преведувачи, конференциски толкувачи и лектори.

Најчитани вести