Порано нè учеа дека книгата е нашиот најголем пријател. Но, во поново време изгледа работите се промениле.
Во едно средно училиште, книгите од покривот, некогашната библиотека, се најдоа надвор, во дворот, фрлени како стари крпи и можел да си ги земе кој како стигне. Сите побрзале да ги земат старите „пријатели“ да им се најдат по дома в зима, најчесто за потпалок, ретко кој за да научи нешто.
Се работи за стари изданија, кои одамна веќе се излезени од програмата, но сепак тоа се дела од познати автори, македонски, балкански и светски, тоа е историја, тоа е видик, не е ѓубре.
Вработените не слушнале за донации, не знаеле дека ова е лош пример за учениците, за граѓаните, за градот воопшто, оти понекогаш „Книгите секогаш имаат повеќе душа од луѓето што ги среќаваме“.




За жал, или за среќа, нашиот читател стигнал предоцна за да го фотографира купот од книги, ова се само остатоците, па не можеме да ви ја прикажеме трагедијата во целост.
]]>


