Шеесет и шест годишната Неда Христоска од Прилеп, попладнево загина во сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп – Битола кај селото Лагово. До несреќата дошло кога се судриле возило марка „Пасат“ со скопски регистарски таблички и мотор Хамачи на кого се возеле сега починатата Христоска и нејзиниот сопруг Димко Христоски.
Според исказот на јавното обвинителство од Прилеп до несреќата дошло кога Христоски кои со моторот се движеле на патот од Прилеп кон Битола завртиле во лево за да се исклучат од регионалниот на некој спореден пат, во истиот момент пак возачот на „Пасатот“ се обидел да ги престигне при што се случил сударот.


