Сè попознатиот метод – рефлексологијата, тврди дека секоја точка во телото е некако поврзана со нашите раце.
Палец
Палецот е поврзан со срцето и белите дробови. Ако имате потешкотии со дишењето, тријте го палецот и повлечете го. Како резултат на тоа, пулсот треба да се намали.
Показалец
Показалецот е поврзан со дебелото црево и желудникот. Дали страдате од запек или болки во стомакот? Притиснете го показалецот, тријте го 60 секунди, а потоа повлечете го. Многу брзо ќе забележите подобрување.
Среден прст
Средниот прст е поврзан со срцето, тенкото црево, крвта и респираторниот систем. Истегнете го прстот и тријте го секогаш кога ќе почувствувате мачнина, вртоглавица или ненаспаност за време на патувањето.
Домалиот
Овој прст има силно влијание на вашето расположение, па ако чувствувате дека ќе паднете во депресија, масирајте го овој прст и наскоро ќе почувствувате чувство на мир и опуштеност.
Малиот прст
Малиот прст е поврзан со бубрезите, дури и со главоболки и болки во мускулите на вратот. Масирајте го малиот прст и ќе почувствувате големо олеснување!
Дланките се поврзани со нервниот систем, па ако сакате да го заштитите вашето ментално здравје, тогаш топло ви препорачуваме да плескате со рацете. Пробајте и вие! Не може да боли…


