Tриесет дневен притвор за дадилката одредил Основниот суд Скопје 1, откако на ФБ беше објавено видео на кое се гледа како таа малтретира деветмесечно бебе.
Случајот беше обелоденет вчера попладне кога обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против Скопјанка која била ангажирана да чува бебе.
Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.
По соопштението на Обвинителството, тетката на бебето на социјалната мрежа ФБ објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.


