Утрово Бирото за јавна безбедност по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов.
Опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички.
Тој изминатиот период беше под истрага на Обвинителството и Управата за јавни приходи, а во телевизиска емисија во меѓувреме рече дека некој со рекет преку државните органи сака да му го земе бизнисот.
Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.


