Приведен крадец од Тетово, украденото вратено на сопственикот

Пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, вчера во 10.45 часот  полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.В.(28) од Тетово.

Тој се сомничи дека претходно во угостителски објект одзел пари од паричник на едно лице. Како што денеска информираа од МВР, одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

MИА

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести