Приведен крадец во Кочани, дел од украдените предмети вратени кај сопствениците

Во Кочани, вчера од страна на полициски службеници од ОВР Кочани е лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, информираат од МВР.

-На 07.07.2021 во ОВР Кочани беше пријавено дека околу 12.00 часот непознат сторител од куќа на ул.„Евлија Челеблија“ во Кочани одзел пари, накит и други предмети. 

Набрзо од страна на полициски службеници утврден е идентитетот на сторителот Р.А., кој е приведен, а дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По комплетно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани, соопштија од МВР. 

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника