Приведен крадец за издржување казна затвор од две и пол години

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 13.40 часот на улица „Стив Наумов“ во Скопје го лишиле од слобода 20-годишниот скопјанец М.К..

Како што соопштија од МВР; тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

МИА

Најчитани вести