Приведени 22 девојки во два угостителски објекти во Горно Седларце и Желино

Во полициски контроли во два угостителски објекти во тетовските села Горно Седларце и Желино приведени се вкупно 22 девојки, албански и македонски државјани и една бугарска државјанка, кои главно работеле како танчарки и пејачки. Во угостителскиот објект „Кораби“ во село Горно Седларце, сопственост на З.Л.(36) од Тетово, соопшти денеска МВР, биле затекнати, а потоа и приведени седум девојки од Република Албанија и една од Република Бугарија. Во угостителскиот објект „Желина“ во село Желино во сопственост на Ш.И (33) и М.Ф (22) и двајцата од Желино, затекнати се шест албански и осум македонски државјанки.

Сите девојки, кои претежно биле ангажирани како пејачки и танчерки заедно со сопствениците на објектите се приведени и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово, за натамошна постапка во Отсекот за странци и реадмисија.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести