Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, вчера ги лишеле од слобода Е.А.(29) и Л.А.(23), двајцата од Скопје, соопштија од МВР.
– Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети, кои се одземени и вратени на сопственикот, информираат од МВР.
-Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.236.ст.1.од Кривичниот законик, додаваат од МВР.
MИА
]]>


