Продолжението на расправата по Информацијата за тутунот ќе биде дополнително закажано

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство ја прекина расправата по Информацијата за тутунот поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата, зашто за збор се пријавени повеќе пратеници. За кога ќе биде закажано продолжението се уште не се знае, ниту е извесно дали по расправата ќе бидат усвоени заклуоци кои потоа би се доставиле до Владата и надлежните институции.

Информацијата за состојбата на тутунот од реколтата 2020-2021 заклучно со 21.12.2020 година, е веќе ставена и на 29. пленарна седница како 39. точка, чие шесто продолжение уште не е закажано.

Расправата почна завчера, на 26 јануари, и тогаш присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. На денешното продолжение е присутен неговиот заменик, Трајан Димковски.

Информацијата до Собранието е поднесена на 25 декември 2020 година со цел, како што тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ, детално запознавање на јавноста со состојбата на тутунарите и нејзино решевање.

Зад Информацијата стојат: Александар Николоски, Љупчо Димовски, Дајанчо Ефтимов, Златко Пенков, Мирче Аџиоски, Здравко Трајанов, Кирил Пецаков, Александар Велјановски, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Лидија Петкоска, Ангелинка Петкова, Бране Петрушевски, Миле Лефков, Иван Јорданов, Бојан Стојаноски, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Петар Ристески и Никола Мицевски.

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести