Професор Несторовски за 24 Вести: Во Македонија доаѓаат инвеститори – скокачи!

Концептот за привлекување на странски инвеститори е оправдан, но мора да се знае колку тој чини. Од една страна кога се сумираат ефектите треба да се кажат и трошоците, вели во интервју за 24 Вести униврзитетскиот професор Методија Несторовски, кој беше и ментор на премиерот Никола Грувески и еден од рецензентите на магистрескиот труд на Грувески со наслов “Кон излезот“ , посветен на странските иневстиции.

kniga_gruevski

“Кај нас странските компании се скокачи, тие не доаѓаат на нашиот пазар, туку нашиот пазар им е отскочна точка кон европскиот. И тука е слабоста на моделот, го исцрпуваат тоа што им се нуди и треба да се очекува дека по Џонсон Контролс, ќе има и други што ќе заминат“ , вели професорот Несторовски.

metodija_nestorovski

Како ментор на премиерот Груевски, вели дека магистерскиот труд е теоретски добро поставен, но во делот за политичката стабилност, која премиерот ја посочил како услов за привлекување на странски инвестиции, професорот вели :

“Премиерот Никола Грувески очигледно не обрнал внимание кога во својот стручен труд напишал дека главен пердуслов за странските иневстиции е политичката стабилност. А токму политичката стабилност, односно кон демократијата, да ја направиш опозицијата партнер, стабилното судство, се се тоа главни услови за привлекување на странски иневстиции. Корупцијата ни стана централна тема , еве девет години ние зборуваме за овие прашања“, вели професорот .

Интервјуто гледајте го  во недела во  18 часот на 24 Вести

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести