Кон крајот на март, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис откри дека од РАЕ побарал анализа на податоците и профитот на сите енергетски компании во земјата за да се проверат евентуални зголемени профити и најави дека на профитот би бил воведен вонреден данок од 90 отсто.
Од Министерството за животна средина и енергија на Грција, денеска соопштија дека „преку конкретна научна методологија, РАЕ дојде до заклучок за дополнителните приходи на енергетските компании“ кои изнесуваат 591,45 милиони евра, а од кои е одбиени попустот од 335,99 милиони евра на грчката електродистрибуција ги за клиентите.
-За крајното утврдување на висината на дополнителните приходи, од горенаведениот износ треба да се одбијат индиректните попусти што секој давател на услуги ги применил преку фиксните тарифи што ги нуди, а кои РАЕ ги одредува во опсег од пет до 20 отсто. По крајното утврдување, според сугестиите и податоците на РАЕ, Владата ќе пристапи кон воведување на вонредната такса од 90 отсто на конкретниот износ, соопштија од Министерството за животна средина и енергија на Грција.
Додадоа дека средствата од вонредниот данок ќе помогнат во финансирањето на Националниот план за поддршка за справување со последиците од поскапувањето на електричната енергија.
МИА
]]>


