Произведени 17.187 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

„АД ЕСМ на 25.01.2023 година произведе 17.187 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти“, соопштија денеска од прес службата на Владата.

Како што соопштија, во Термоелектраните произведени се 11.478 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.709 MWh со назнака дека податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 25.01.2023 година.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести