Променливо облачно, наутро студено, преку ден до 15 степени

 Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 8 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 13 степени.

Според УХМР; следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести