Промоција на онлајн алатка за човекови права за административни службеници

Онлајн алатка за човекови права за административни службеници ќе промовира денеска Министерството за јавна администрација, во соработка со проектот  „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. На настанот ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу МЈА и претставници на проектот.  

Најавени се обраќања на министерот за јавна администрација Горан Минчев, амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, како и на Барбара Лигл, лидерка на Компонента 4, од проект „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

На промоцијата ќе се презентира состојбата со степенот на спроведување на препораките на националните и меѓународните механизмите за заштита човековите права и потребата од проширување на програмата за обука на административни службеници со воведување на материјал со кој ќе се подобрат капацитетите на институциите за спроведување на пристапот заснован на човекови права.

МИА

Најчитани вести