На скопскиот аеродром „Александар Велики“ за попладне е најавена промоција на нова директна авиолинија Скопје – Берлин. Летот ќе го реализираат воздушниот оператор „Ер Приштина“ и авиокомпанијата „Германија“. Можностите што се нудат со новиот лет на аеродромот во Скопје ќе ги промовираат раководството на „ТАВ Македонија“ и претставници на „Ер Приштина“ и „Германија“.


