Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија „ЕВН Групацијата“ ја презентира новата компанија за снабдување „ЕВН Снабдување“, која веќе поседува лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика.
– За промените на пазарот се подготвувавме подолг период и веќе добро ги познаваме компаниите и нивните потреби. Ќе понудиме беспрекорна поддршка и сервис. Нашата понуда е и ќе остане транспарентна, бидејќи тоа е еден од клучните фактори за успех на слободниот пазар. Имаме знаење и ресурси и нудиме фер цена за енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа остануваат и натаму регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика, изјави Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.
Претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Вернер Хенгст порача дека со околу 8.000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји „ЕВН Групацијата“ има логистика, искуство и знаење на либерализирани пазари.
– Тоа е голема поддршка за новата компанија. Искуството од другите пазари на нашата групација покажуваат дека за успех на слободниот пазар најважни се јасни правила на игра и исполнување на одредени предуслови. Убеден сум дека компаниите ќе ги препознаат овие атрибути на „ЕВН Снабдување“, изјави Хенгст.
]]>


