Пронајдена стара рачна бомба во водите на Охридско езеро

Вчера пипладне М.Д.(38) од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба, соопшти МВР.

Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна. Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести