Пронајдени разни видови дрога во акција на полицијата во Скопје, приведени три лица

Во полициска контрола во текот на ноќта, во два угостителски објекта во Скопје кај две лица била пронајдена марихуана. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес на дом и други простории во Скопје, пак, најдени се кокаин и екстази и е приведен 23-годишник од Кратово. Акцијата ја спровеле  полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл. 215 и 216 од КЗ на РСМ.

-На подрачје на град Скопје извршена е контрола во два угостителски објекта, при што е извршен преглед над дeсетина лица, од кои кај две лица е пронајдена марихуана. Лицата се лишени од слобода и против нив ке бидат поднесени соодветни кривични пријави. По дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож, информира МВР.

При претресот од слобода е лишен Д.А (23) од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ.МВР соопштува дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести