Мртво женско тело е пронајдено денеска во општина Зрновци, соопшти Јавното обвинителство.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од Обвинителството.
Во текот на денот се очекуваат повеќе детали и од МВР.
Извор: 24инфо


