Пронајдено оружје во магацински простории во Гази Баба

Вчера на подрачјето на Гази Баба во напуштени магацински простории, по претходна пријава од граѓанин, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња биле пронајдени 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.

Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести