Во регионот, највисоки просечни плати се забележани во Словенија, додека најниски во Босна и Херцеговина и Северна Македонија, се вели во анализата на „Anadolu Agency“.
Во Словенија просечната нето плата за јуни 2024 година изнесува 1.501,97 евра, што претставува зголемување во однос на претходниот месец.
Највисока просечна плата е забележана во секторот дистрибуција на електрична енергија, гас и пареа со нето 2.241,33 евра, а најниска е во угостителството со 1.142,43 евра нето.
Хрватска забележала просечна нето плата за јуни од 1.315 евра, што е номинално и реално пониска за 0,7% во однос на претходниот месец. Највисоката плата била исплатена во здравството, а најниската во текстилната индустрија.
Во Србија просечната нето плата за мај 2024 година изнесува 855,82 евра, со значителен номинален раст во однос на претходната година.
Црна Гора забележала просечна нето плата за јуни од 838 евра, со скромно зголемување во однос на мај.
Босна и Херцеговина и Северна Македонија имаат најниски просечни плати во регионот, со просечни 702,51 евра во БиХ и 680,70 евра во Северна Македонија. И покрај малиот раст во двете земји, разликата во однос на Словенија и Хрватска останува голема.
cafe.ba


