Протест на #ШаренаРеволуција вечерва во 19ч: Не ги признаваме долговите на расипниците!

Шарената револуција вечерва повторно ќе излезе на нов протест во 19 часот, пред СЈО.

 

„Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално.

5 милијарди евра јавен долг!
650 мил. евра обврзница + 450 мил. евра камата = 1,1 милијарда причини за протест!
НЕ ВО МОЕ ИМЕ!

Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, пишува во најавата на Фејсбук страницата „Шарена револуција“.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести