Владата донесе одлука за согласност на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, што е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот план за економски раст.
Владата го усвои и предлог – законот за изменување и дополнување на законот за народниот правобранител, со што ќе се овозможи создавање посебно надворешно дело, како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на овластени службени лица при министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.
ТВ 24


